Македонија е 55 економија во светот

Bez autora
Sep 22 2011

Со индекс 66 Македонија во годинешниот извештај на "Економик фридом репорт" се најде на 55. место од рангирани 179 економии на земји во светот, а мерени се 10 економски слободи (бизнис, трговија, фискална слобода, владини трошења, монетарна слобода, инвестиции, финансиска слобода, сопственост, корупција и право). Ова претставува скок од 9 места на ранг-листата во однос на лани. Според овој извештај вкупната оценка за македонската економија е повисока за 0,3 поени, а како последица од подобрувањата во монетарната слобода и за корупција. Македонија е рангирана на 23 место од 43 земји во Европа и нејзината вкупна оценка е над светскиот просек. Ги има преземено сите значајни реформи во економијата во текот на изминатите неколку години, има инспиративен економски раст и развој на просперитетен претприемачки сектор. Конкурентните рамни даночни стапки и растечкиот финансиски сектор, кој овозможува кредити според пазарните услови, придонесоа за динамизирање на приватниот сектор што ја направи Македонија поотворена во надворешно-трговската размена и инветиторите.

Македонија е 55 економија во светотСо индекс 66 Македонија во годинешниот извештај на "Економик фридом репорт" се најде на 55. место од рангирани 179 економии на земји во светот, а мерени се 10 економски слободи (бизнис, трговија, фискална слобода, владини трошења, монетарна слобода, инвестиции, финансиска слобода, сопственост, корупција и право). Ова претставува скок од 9 места на ранг-листата во однос на лани.

Според овој извештај вкупната оценка за македонската економија е повисока за 0,3 поени, а како последица од подобрувањата во монетарната слобода и за корупција.

- Македонија е рангирана на 23 место од 43 земји во Европа и нејзината вкупна оценка е над светскиот просек. Ги има преземено сите значајни реформи во економијата во текот на изминатите неколку години, има инспиративен економски раст и развој на просперитетен претприемачки сектор. Конкурентните рамни даночни стапки и растечкиот финансиски сектор, кој овозможува кредити според пазарните услови, придонесоа за динамизирање на приватниот сектор што ја направи Македонија поотворена во надворешно-трговската размена и инветиторите - стои во извештајот.

Во извештајот на "Економик фридом репорт" забележуваат дека во земјава, сепак, постојат бавни структурни ограничувања за поенергичен развој на приватниот сектор.

- Значителното ниво на корупција и недоволните сопственички права се сопирачка за иновативни бизнис-активности. И релативно високиот степен на владино трошење од 34,5 проценти од БДП во последнава година во обид на поттикнување на приватниот сектор ја намалува динамиката на долгорочен економски раст - се вели во извештајот.

Од "Економик фридом репорт" истакнуваат дека целокупната слобода во земјава за воспоставување и водење бизнис е подобрена, но темпото на реформи е забавено. Пазарот на капитал е недоволно развиен и тој не може да обезбеди целосна палета на кредити за бизнисот, но затоа пак, активноста на Македонската берза на хартии од вредност расте.

- Македонија не е сериозно погодена од глобалната финансиска криза - стои во извештајот.

Од "Економик фридом репорт" забележуваат дека заштитата на правата од сопственост е слаба, а корупцијата е значителна. Прописите за работните односи се флексибилни.

- По неколку години на хронична висока невработеност, Македонија ги продолжи реформите на пазарот на труд кои вклучуваат користење на договори со фиксен рок и олеснување на ограничувањата на работното време - заклучуваат од "Економик фридом репорт".

Инаку, со највисок вкупен индекс на економски слободи е Хонг Конг - 89,7, на второ место е Сингапур, на трето Австралија, па Нов Зеланд, Швајцарија... Од балканските земји Македонија е најдобро пласирана на оваа ранг-листа. По нас е Бугарија на 60. место, Романија на 63., Словенија на 66., Албанија на 70., Црна Гора на 76., Хрватска на 82., Грција на 88., Србија на 101., и Босна и Херцеговина на 104. место.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik